| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот првак на колена, Вардар конечно го победи Будуќност во ЛШ

vardar-buducnost-19

Во натпревар од петото коло во Лигата на шампионките ЖРК Вардар ја оствари најголемата победа во досегашниот дел од натпреварувањето победувајќи го европскиот шампион Будуќност во СЦ „Јане Сандански“ со 26-24.

Ова е воопшто прва победа за Вардар во дуелите со црногорскиот тим и тоа во можеби најклучниот момент за македонскиот тим кога има шанса да дојде до толку посакуваното второ место во групата кое обезбедува и полесен противник во четвртфиналето.

vardar-buducnost-16

Во текот на сите 60 минути ниту еден од двата тима не дојде клучна предност за победа, а најголемата резлика беше два гола.

Како и што најави тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ на прес-конференцијата пред овој меч, ако екипата постигне повеќе од 22 гола, тогаш тоа значи дека и ќе победи.

Ракометарките влегоа во натпреварот крајно мотивирано со цел да се симне притисокот од нив кога се работи за натпреварите против Будуќност.

vardar-buducnost-18

Амандин Лејно царуваше во одбраната и можеби ја забележа најдобрата игра досега откако е во црвено-црниот состав со неверојатни 19 одбрани.

vardar-buducnost-12

Во нападот тренерскиот тандем Кастратовиќ – Дејвис ги ротираше повеќето од расположливите сили, а најефикасни беа Барбара Лазовиќ со шест и Андреа Пенезиќ со пет гола.

Моторот на тимот Андреа Лекиќ постигна само еден, но може да се каже во најважниот период кога се кршеше отпорот на противникот во последните пет минути.

vardar-buducnost-11

Одличен меч имаше и голманката на Будуќност Марта Здериќ која успеа да фати истотака 19 топки, а во нападот Катарина Булотовиќ постигна шест погодоци.

Во следното и последно коло од оваа фаза во најелитното натпреварување Вардар му гостува на Савехоф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top