Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски се уште е недостапен да даде одговор дали ДИК ќе организира јавна дебата. Сител објави дека вистинска потрага по Чичаковски од утрово водат и членовите на ДИК но Чичаковски и натаму се крие и одбива да се појави на работното место за кое граѓаните секој месец му даваат плата.
Според другите членови на ДИК, Чичаковски е должен во оваа фаза кога траат последните подготовки за организирање на изборите, да се појавува и во недела на работното место. Интересно е и тоа што Чичаковски не се појавува на работа веќе подолг период. Претходниот викенд тој не можел да работи затоа што бил празник св Валентн и бил заморен па не можел да одговори на обврските – посочи Сител.
„Курир“ објави дека додека јавноста денеска чека одговори од претседателот на ДИК, тој се крие. Но, на настани организирани од СДСМ Чичаковски бил во првите редови.
-Актуелниот прв човек на ДИК предложен од СДСМ, е редовен посетител на митинзите и протестите организирани од опозициската партија. Чичаковски во 2004-та година беше во првите редови на митинзите организирани од екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Но, кога навистина треба да си ја врши работата за која зема пари од џебот на граѓаните, Чичаковски се крие. Денеска е недостапен за новинарите, а вистинска потрага по него водат и членовите на ДИК. Сопартиецот на Зоран Заев одбивал да се појави на своето работно место, а молчи за одговорите кои јавноста од него ги бара – објави Курир.
Несериозниот пристап за она за што е должен да го сработи Чичаковски го потврди и пред два дена, кога не се појави на средба повикан од премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев.
-ДИК не е политичко, туку извршно тело кое има за задача да ги спроведе сите постапки кои се однесуваат на изборите. Притоа истата не е попречена во извршување на своите задачи – пишува Курир.
Денеска членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на прес-конференција ја повика ДИК до крајот на денот да одржи јавна седница на која би присуствувале најмалку два члена од четирите големи политички парии кои го ставија својот потпис на пржинскиот договор.
Димовски посочи дека би било добро седницата да се пренесува во живо и ги повика во дебатата да се вклучат и заинтересираните меѓународни претставници кои го следат изборниот процес.
-Само на овој начин ќе бидеме убедени и ние како политичка партија и граѓаните во искреноста на целокупниот процес кој досега го водевме од аспект на неговата крајна цел, а тоа е конечен излез од кризата во која на вештачки начин беше втурната Македонија. Само на овој начин граѓаните од прва рака ќе ги видат аргументите и ќе може сами да судат околу фактите и проценките. Според информациите кои до нас стигнаа од ДИК и странските експерти кои таму работат, вкрстувањето на податоците, во најлош случај, со мрзлива и неодговорна работа може да се заврши за максимум 14 дена, истакна денес Димовски.
Александар Чичаковски во ДИК дојде како така наречен независен експерт, но, како што пишува Курир, во неговата биографија може да се прочита дека бил дел од серија на проекти финансирани од СОРОС што го потврдува сомнежот дека работи во координација со Заев, чија единствена цел е да побегне од граѓаните и нивната оценка на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот