Во првиот натпревар денес од 22. коло во Бундеслигата, Дортмунд гостуваше кај Леверкузен, дерби кое ќе биде запаметено по чудната одлука на главниот судија да го напушти теренот.
После неефикасното прво полувреме без голови, во вториот дел Обамејанг успеа да ја затресе домашната мрежа во 64. минута од натпреварот, после брзата акција на гостите и асистенцијата на Дурма од левата страна.
Но, само три минути подоцна следуваше вистинска бура на теренот, која ја започна незадоволниот тренер на Леверкузен Роџер Шмит, кој поради поагресивен приговор беше исклучен од натпреварот, но тој одбиваше да го напушти теренот!
Поради тоа главниот судија го прекинa натпреварот напуштајќи го теренот. Сите присутни на стадионот не знаеа што се случува, бидејќи до сега не се случило вакво нешто во првата лига во Германија. Но, за среќа, страстите набрзо се смирија, судијата се врати и играта продолжи.
До крајот Дортмунд успеа да ја задржи минималната предност, а во самиот финиш, Чичарито пропушти одлична шанса да го израмни резултатот и да им обезбеди барем еден бод на „фармацевтите“. Неговиот шут од 15-тина метри заврши покрај стативата.
„Милионерите“ од Дортмунд се зацврстија на втората позиција на табелата. Со оваа победа Дортмунд сега има 51 бод, осум помалку од првопласираниот Баерн, а Леверкузен остана со 35 бодови, на четвртата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)