Екипата на македонскиот шампион ЖРК Вардар во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите во СЦ „Јане Сандански“ игра против европскиот шампион Будуќност.
По првиот дел црвено-црниот состав има резултат на кој може да се надева на првата победа против црногорскиот тим (11-11).
Во одлична атмосфера избраничките на Индира Кастратовиќ по се изгледа ја пронајдоа против играта на девојките од Подгорица и нивниот тренер Аџиќ која е со црвста и на моменти груба одбрана.
Ниту една од екипите не дојде до поголема предност од два гола разлика, Вардар во осмата минута и Будуќност во 25, но ракометарките на двата тима знаеја како да се вратат и да го направат првото полувреме крајно интересно.
На головите царуваат двете голманки Амандин Лејно и Марта Здериќ кои имаат по осум односно девет одбрани.
Капитенот на екипата на Вардар Ина Суслина влезе во игра само да одбрани еден седмерец и тоа најдобриот играч во првото полувреме на Будуќност, Катарина Булатовиќ која има четири гола.
Во составот на Вардар дури девет ракометари постигнаа голови од кои Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ по два.
Во второто полувреме се очекува полесна игра во нападот на Вардар бидејќи столбот во одбраната на Будуќност Драгана Цвииќ веќе има две исклучувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.