Првата политичка грешка лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, ја направил во 2011 година кога барал предвремени избори – смета Стевче Јакимовски, градоначалникот на Карпош, кој пред локалните избори беше исклучен од партијата поради непослушност.
Јакимовски во интервју за неделникот „Република“, кое ќе биде објавено во 33 број на овој магазин, што од утре е во продажба , ги посочува петте грешки на Црвенковски:
Црвенковски досега не правел големи политички грешки. Ова му се најкрупните што ги направи. Во последните две години негова голема политичка грешка е во 2011 година да бара предвремени парламентарни избори. Ај што бараше, па втора грешка му беше, што кога прифати да оди на избори, прифати да оди според закон каков што си сака Никола Груевски. Трета политичка грешка – кој Цацко го тераше да ги прифати резултатите на изборите на 5 јуни. Значи ќе имавме игра. Следната политичка грешка беше да одлучи да не оди на локални избори. Потоа грешка беше одлуката да оди на избори. Претпоследната грешка ја направи со мене кога одлучи да даде кандидат за градоначалник на Карпош, поради што граѓаните го перцепираа како осветољубив, инаетчија, избезумен, нерационален… Последната грешка беше што наместо да се повлечат по првиот круг, да го признаат поразот, тие продолжија со негативна, валкана кампања…
Целото интервју можете да го прочитате во 33. број на Неделникот Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


