-Мажот кој со рацете го допира вашето лице и за време на бакнувањето испушта по некој звук – дава добар знак дека во креветот ве очекуваат многу возбудувања- вели сексуалниот терапевт Трејси Кокс.
Според неа, бакнежот е првиот знак дали пред вас стои сензуален љубовник или не. За тоа дали избраникот ќе го биде или не во креветот, откриваат уште неколку други нешта.
Начин на јадење – најдобрите љубовници се хедонисти кои уживаат во добрата храна. Ако забележите дека премногу избира кога станува збор за храната или пак го поминува времето во броење на калориите, тогаш не се надевајте на експлозивен маж во креветот.
Начин на зборување – истражувањата покажуваат дека мажите со монотон глас имаат мошне здодевен секс живот. Од друга страна честите промени во висината на тонот откриваат темпераментен љубовник.
Начин на дружење – велат дека отворените мажи полесно комуницираат во спалната соба, но и тивкиот маж може да биде вистинско жарче во креветот, потенцијал што допрва треба да биде откриен и искористен. Оние кои го поминуваат времето во постојано молчење најчесто кријат некој секс фетиш.
Начин на седење – кога во просторијата седи свртен со рамената свртен кон останатите луѓе демонстрира дека е подготвен да ги задоволи барањата на партнерката. Мажите кои постојано седат со раширени нозе и во секој моменти ги набљудуваат другите, во сексот брзо губат концентрација и поприлично се нестрпливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.