Откако ВМРО-ДПМНЕ ја повика Државната изборна комисија, до крајот на денов, да одржи јавна седница или работен состанок на кој би присуствувале по најмалку два члена од четирите големи политички партии, кои со својот потпис застанаа зад договорот од јуни и јули минатта година и врз база на факти и конкретни податоци да се дискутира околу сите законски обврски на оваа државна институција, нема одговор дали Комисијата ќе се состане.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и портпаролот на Државната изборна комисија не одговараат на телефонските повици. „Курир“ објави дека се обиделе преку СМС порака да добијат одговор од претседателот на ДИК дали Комисијата планира да свика јавна седница и дали изборната комисија има донесено одлука за тоа дали може изборите да се одржат. Но одговор на пораката не добиле.
Димовски претходно, во повикот, посочи дека би било добро седницата да се пренесува во живо и ги повика во дебатата да се вклучат и заинтересираните меѓународни претставници кои го следат изборниот процес.
-Само на овој начин ќе бидеме убедени и ние како политичка партија и граѓаните во искреноста на целокупниот процес кој досега го водевме од аспект на неговата крајна цел, а тоа е конечен излез од кризата во која на вештачки начин беше втурната Македонија. Само на овој начин граѓаните од прва рака ќе ги видат аргументите и ќе може сами да судат околу фактите и проценките. Според информациите кои до нас стигнаа од ДИК и странските експерти кои таму работат, вкрстувањето на податоците, во најлош случај, со мрзлива и неодговорна работа може да се заврши за максимум 14 дена, истакна денес Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.