| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ секогаш до сега ја почитувало и ќе ја почитува волјата на граѓаните

избори

-Очигледно ние сме единствена држава во Европа во која опозицијата бега, плаче и моли да не се одржат избори.Заради сето ова, дозволете уште еднаш да потенцирам дека јавно ја повикуваме Државната изборна комисија, до крајот на денов, да одржи јавна седница пред вас, пред новинарите или работен состанок на кој би присуствувале по најмалку два члена од четирите големи политички партии и врз база на факти и конкретни податоци да се дискутира околу сите законски обврски на оваа државна институција.

Се надеваме дека сите фактори ја разбираат сериозноста на ситуацијата и одговорно ќе се однесуваат спрема државните интереси на Република Македонија. На граѓаните им треба стабилна и просперитетна држава, а не држава во која ќе владее хаос и деструкција. ВМРО-ДПМНЕ секогаш до сега ја почитувало и ќе ја почитува волјата на граѓаните- истакна денеска Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top