| четврток, 6 декември 2018 |

Милетиќ: Пратениците од СДСМ не ми викаат ни „добар ден“

Никој не сака да пие кафе со Драгиша Милетиќ. Пратениците на Социјалдемократскиот сојуз го избегнуваат претседателот на нивната коалициона партија, Српската напредна Странка во Македонија – пишува Дневник. Дека пратениците на СДСМ целосно се дистанцираат од Милетиќ, никој од нив не сака да седи до него во Собранието, ниту пак да се напие заедничко кафе потврдува и самиот Милетиќ, кој изјавува   дека од СДСМ веќе не бараат никаков став од него, не го консултираат за ништо и не го викаат на партиските координации.

-Никој не ми објасни што се случува. Никој не ме поздравува, со никој кафе не пијам, никој не ме прашува ништо. Ние не сме претшколска установа, туку највисока институција. Истите луѓе од СДСМ со кои преговарав за независна пратеничка група сега одеднаш вртат глава и не ми викаат ниту „добар ден“. Јас за себе знам дека никого не убив ниту повредив, се друго е нивни проблем – изјавува човекот кој му го позејми печатот на Стевче Јакимовски за дневниот весник Дневник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top