Карпош Соколи се изборија за историско прво финале на овој клуб во националниот куп. Тие во првиот полуфинален натпревар беа подобри од фаворитот Куманово со 71:69.
Кошаркарите на Соколи успеаа да ги добијат првата (24:16) и третата четвртина (19:8) со висока разлика, додека кумановци возвратија само во втората (21:10). Последната четвртина беше рамноправна, разликата околу десет поени од претходно се одржуваше до две минути пред крајот, кога Куманово за последен пат направија обид да го избегнат поразот, но сепак недоволно за да направат целосен резултатски пресврт.
Најефикасни во победничката екипа беа Душан Кнежевиќ и Снер со по 15 поени, додека Бојан Трајковски со 23 поени најмногу се истакна во поразениот тим.
Карпош Соколи во утрешното финале за трофејот ќе се бори со победникот од второто полуфинале вечерва од 21 часот помеѓу домаќинот Кожув и МЗТ Скопје Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.