Денес почна вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Во првиот натпревар, Работнички на теренот на ФФМ успеа минимално да го победи Младост Царев Двор со 2:1.
Во првото полувреме беше постигнат еден гол. Марјан Алтипармаковски во 23. минута од пенал ја затресе мрежата и му донесе водство на домашниот тим. На самиот почеток од второто полувреме „романтичарите“ го зголемија водството преку Себастијан Херера во 47. минута, додека голот за гостите беше дело на Ардит Шаќири во 71. минута.
Во последните десетина минути екипата на Царев Двор остана со 10 фудбалери на теренот откако беше исклучен од игра Кристијан Гроздановски и тука веќе беа изгубени сите надежи на гостите дека ќе извлечат барем еден бод од натпреварот.
Работнички со новите три бода се искачи на третата позиција на табелата.
Преостанатите четири натпревари од 19. коло се на програмата утре:
Шкендија – Турново
Вардар – Ренова
Силекс – Брегалница
Шкупи – Металург.
Табела:
Вардар 43 бода
Шкендија 38
Работнички 27
Силекс 26
Шкупи 24
Ренова 20
Турново 20
Брегалница 19
Царев Двор 16
Металург 13
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.