Во рамките од 12.коло од Лигата на шампионите македонскиот првак РК Вардар на домашен терен го пречекува шведскиот тим Кристијанштад.
Вардарци во обид да му се раваншираат на противникот од есенскиот дел кога непријатно беа изненадени и го доживеаја првиот пораз игра натпревар со многу голови по првите 30 минути (21-19).
Двата тима повеќе размислуваат на нападот и по само неколку додавања се обидуваат да ги завршат нападите. Тоа им успева на двата тима бидејќи голманите на двете екипи не се на висина на задачата. Најголемото водство Вардар го имаше во 21.минута кога имаше шест гола разлика (16-10), но потоа дојде до опуштање, а со тоа им се даде шанса на ракометарите на Кристијанштад да фатат резултатски приклучок до крајот на полувремето.
Во составот на Вардар Страхиња Милиќ има само четири одбрани додека Петар Ангелов кој влезе во финишот од првото полувреме одбрани само еден удар.
На клупата за резервни играчи се наоѓа и Арпад Штербик кој доби поштеда од тренерот Раул Гонзалес поради хронична повреда на тетивата.
Во нападот дури 10 играчи се запишаа во листата на стрелци на нив ја предводат Хорхе Македа и Лука Циндриќ по четири голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.