| четврток, 6 декември 2018 |

Модерна пирамида ќе се гради во Дубаи (видео)

zigguratOгромна зграда во облик на пирамида која ќе може да смести милион луѓе, а ќе функционира само со користење на обновливи извори на енергија, ќе никне кај преубавиот хотел Бурџ Ал Араб до најголемата зграда во светот Бурџ Ал Калифа во Дубаи.
Пирамидата наречена Зигурат ќе биде направена по примерот на пирамидите на Маите и Египјаните. Ќе се простира на 2.3 квадратни километри. Името Зигурат го добила по кулите храмови во древна Месопотамија кои имале терасовидна пирамидална структура.

Зградата би требало да биде отворена на почетокот на октомври оваа година, а ќе биде направена од јаглеродно-неутрална структура. Зигурат ќе користи еколошки-пријателска енергија, како соларната и енергијата добиена од ветер, па ќе може целосно да функционира без дополнителни извори за напојување, соопштуваат од компанијата која е задолжена за изградбата на оваа револуционерна градба. Тие најавуваат и нов начин на превоз низ зградата, како и добра поврзаност со остатокот од Дубаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top