| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот прегазен во Портланд (видео)

por-gsw-Lilard-190216

Синоќа во НБА лигата се одиграа 14 натпревари, а најинтересно секако беше во Портланд.

Најдобриот играч на Треилблејзерс, Демиен Лилард е херојот на вечерта во НБА лигата. Налутен поради тоа што не беше повикан на Ол-стар натпреварот тој ја истури нервозата врз шампионот постигнувајќи 51 поен. Портланд им даде 137 поени на Голден Стејт и им го нанесе најголемиот пораз сезонава, од 35 разлика.

Ова е секако еден од најшокантните резултати сезонава. Противничкиот тренер, Стив Кер по натпреварот изјави дека Лилард делувал како Стеф Кари. Дури ни самиот Кари не успеа да го ублажи поразот со своите 31 поен. Серијата од 11 последователни победи на Вориорс е прекината. Јасно е дека ова е најтешкиот пораз за нив сезонава, направија 20 грешки, 13 во третата четвртина, а уште во првата примија дури 42 поени.

Инаку Лилард стана прв човек во историјата на НБА кој постигнал повеќе од 50 поени, 7 скокови и 6 украдени топки откако се води статистика за „украдени топки“ во лигата.

Второ изненадување се случи во Оклахома. Индијана победи во гости со расположените Монта Елис, кој постигна 27 поени и Пол Џорџ со 22 поени и 10 асистенции. На Тандерс не погнаа ниту 18. асистенции на Расел Вестбрук. Пејсерс успеаа од -7 да стигнат до победата во последните три минути. Кевин Дурант постигна 31 поен, Ибака и Картер остварија дабл-дабл за Оклахома, но ни тоа беше доволно. Четирите тројки на Индијана во самиот финиш беа пресудни за конечниот резултат.

Резултати:

Бруклин – Њујорк  109:98
Вашингтон – Детроит  98:86
Орландо – Далас  110:104 (прод.)
Атланта – Мајами  111:115
Мемфис – Минесота  109:104
Оклахома – Индијана  98:101
Њу Орлеанс – Филаделфија  121:114
Чикаго – Торонто  116:106
Милвоки – Шарлот  95:98
Феникс – Хјустон  110:116
Јута – Бостон  111:93
ЛА Лејкерс – Сан Антонио  113:119
Сакраменто – Денвер  116:110
Портланд – Голден Стејт  137:105

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top