| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна зграда, загинаа тројца војници

Тројца турски војници загинаа и четворица се лесно повредени отркако се урна зграда во југоисточна Турција. Таму турските сили со месеци војуваат против курдски бунтовници.

download (4)(82)

Турската армија не прецизира за причините за уривањето на зградата каде биле сместени војниците. Зградата била во квартот Сур во Дијарбакир во кој три месеци веќе е на сила полициски час. Во судирите во тој период се убиени над 200 курдски бунтовници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top