Одличниот фудбалер на Јувентус, Пол Погба во претходните неколку преодни рокови беше поврзуван со трансфер во дел од најголемите европски гиганти. Французинот изјави дека е среќен во Јувентус, но, додаде дека во иднина би сакал да соработува со Гвардиола.
– Гвардиола е неверојатен тренер и воведе нова филозофија во фудбалот. Тој е стратег кој има огромно влијание над своите играчи, и сите членови на тимот го почитуваат. Нас ни преостанува да ја цениме неговата работа и да се обидеме да научиме нешто од него. Пеп е икона на фудбалот и слушнав дека секој играч станал подобар со него. Моментално сум играч на Јувентус и среќен сум, но, не е исклучена соработка со Гвардиола во иднина – изјави Погба.
Гвардиола од следната сезона ќе биде нов менаџер на премиерлигашот Манчестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.