| четврток, 6 декември 2018 |

Дуке Бојаџиев: Најубави ми се акустичните концерти

Во мо­мен­тов ја за­вр­шу­вам му­зи­ка­та за фил­мот на хр­ват­ски­от ре­жи­сер Рај­ко Гр­лиќ, кој, исто та­ка, има мно­гу уба­ва му­зи­ка, па нај­ве­ро­јат­но на след­ни­от кон­церт ќе има не­ко­ја ком­по­зи­ци­ја од фил­мот. Во овој филм има ед­на те­ма со во­кал, а ја пее Јо­си­па Ли­сац, та­ка што мож­но е во ид­ни­на да се ор­га­ни­зи­ра­ат и кон­церт­ни на­ста­пи во ре­ги­о­нот, на кои ќе го­сту­ва и Јо­си­па Ли­сац, откри­ва Бо­ја­џи­ев

Ду­ке Бо­ја­џи­ев, ком­по­зи­тор, пи­ја­нист, про­ду­цент, на 20 фе­вру­а­ри по­втор­но ќе на­ста­пи пред ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка. Ве­ли де­ка ова му е де­сет­ти кон­церт отка­ко поч­на про­е­ктот „Сон, вер­ба, љу­бов“. Мно­гу ми е дра­го што сум по­втор­но во Скоп­је. Пред не­кол­ку де­на до­па­ту­вав во Скоп­је од Њу­јорк и сѐ ми се слу­чу­ва ка­ко на филм­ска лен­та… На до­ма­шен те­рен се­ко­гаш се чув­ству­вам уба­во, полн со спо­ме­ни и со инс­пи­ра­ци­ја од ме­ста­та и од лу­ѓе­то ка­де што по­рас­нав и ка­де што се офор­мив. Мно­гу се ра­ду­вам на овој кон­церт. Ова ми е де­сет­ти кон­церт од ми­на­та­та го­ди­на, ко­га ја поч­нав оваа се­ри­ја кон­цер­ти и са­кам да подв­ле­чам де­ка ќе би­де нај­бо­гат со му­зи­ка, го­сти, про­дук­ци­ја… и сѐ – ве­ли Ду­ке, очиг­лед­но, сре­ќен од до­а­ѓа­ње­то во Скоп­је.

 

duke-bojadziev-sce180-4

Пред нас е кон­церт на кој ќе има мно­гу го­сти и мно­гу но­ви ком­по­зи­ции.

  • Овој пат ќе имам најм­но­гу го­сти од си­те мои кон­цер­ти до­се­га, ме­ѓу кои: Вла­тко Сте­фа­нов­ски, Та­ња Ца­ров­ска, Ка­ро­ли­на Го­че­ва, Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски, Ис­ма­ил Лу­ма­нов­ски, Ма­ти­јас Кунз­ли и Ко­стас Ана­сти­ја­дис. Ди­ри­гент ќе би­де Са­ша Ни­ко­лов­ски – Ѓу­мар, а има­ме и ка­ме­рен ор­ке­стар со кој на­ста­пив и во „Кар­не­ги хол“, та­ка што овој кон­церт ќе би­де ­про­ши­ре­на вер­зи­ја од кон­цер­тот во „Кар­не­ги“, но овој пат сме на мно­гу по­го­ле­ма сце­на и со мно­гу по­го­ле­ма про­дук­ци­ја… – рас­ка­жу­ва Ду­ке.

 

Во це­ла­та еки­па вед­наш от­скок­ну­ва име­то на Вла­тко Сте­фа­нов­ски. Ка­де ќе се нај­дат со Вла­тко, на кои ком­по­зи­ции…

  • Вла­тко ми е хе­рој од дет­ство­то со кој по­рас­нав, со му­зи­ка­та на „Леб и сол“ се гра­дев ка­ко му­зи­чар и за­тоа за ме­не е по­себ­на чест што ќе на­ста­пи­ме на иста сце­на. Ток­му де­не­ска тре­ба да се ви­дам со Вла­тко и да има­ме про­ба. Јас од не­го по­ба­рав за­ед­но да из­ве­де­ме ед­на ну­ме­ра. Тоа е пес­на­та „Та­тко“, ко­ја е по­све­те­на на мо­јот та­тко, а мо­же­би ќе има­ме уште не­кол­ку дру­ги ну­ме­ри, ќе ви­ди­ме – ве­ли Ду­ке.

 

По­е­зи­ја­та од Ру­ми е за­дол­жи­тел­на и на овој кон­церт, но ќе има и љу­бов­на по­е­зи­ја, ко­ја ќе ја из­ве­ду­ва акте­рот Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски.

  • Со Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски во не­кол­ку на­вра­ти се до­го­ва­рав­ме за ова би­деј­ќи и двај­ца­та има­ме мно­гу на­би­е­на аген­да. Тој ќе би­де на­ра­тор на по­е­зи­ја­та на Ру­ми, но ќе има и љу­бов­на по­е­зи­ја. Ќе би­де ка­ко ед­на над­град­ба на „Сон, вер­ба, љу­бов“, кој го из­ве­дов­ме ми­на­та­та го­ди­на. Ве­ту­вам уба­ва, ма­гич­на ве­чер за об­ла­го­ро­ду­ва­ње на ду­ша­та… Осо­бе­но ми е дра­го што ва­ков кон­церт ќе одр­жам пред ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка, ко­ја уште по­ве­ќе ја чув­ству­ва мо­ја­та му­зи­ка би­деј­ќи се­то тоа што го ра­бо­там има ко­рен од Ма­ке­до­ни­ја – по­тен­ци­ра Бо­ја­џи­ев.

duke-bojadziev-sce180-2

При­каз­на­та што ја поч­на со „Сон, вер­ба, љу­бов“, мо­же­би, ја до­жи­ву­ва сво­ја­та кул­ми­на­ци­ја. Да­ли со овој кон­церт поч­ну­ва но­ва, ко­ја би би­ла по­и­на­ква и во ко­ја би влег­ле не­кои од овие лу­ѓе со кои се по­ја­ву­ва­ на сце­на­та…

  • Ова не е при­каз­на што има по­че­ток и крај. „Сон, вер­ба, љу­бов“ ка­ко про­ект е раз­ви­ван мо­же­би два­е­сет го­ди­ни. Це­ло вре­ме по­стои ра­бо­та во кој се изд­во­ју­ва­ле ед­на ну­ме­ра, па дру­га од ком­би­на­ци­ја­та што ја на­ре­ков „Сон, вер­ба, љу­бов“. А са­ми­от про­ект е ед­на по­ра­ка би­деј­ќи си­те тре­ба да со­ну­ва­ме, ве­ру­ва­ме и да љу­би­ме не­што за жи­во­тот да ни би­де по­у­бав. Јас по­ве­ќе би ја на­ре­кол ду­хов­на по­ра­ка, ко­ја е про­тка­е­на низ оваа му­зи­ка и ко­ја ве но­си на ед­но та­кво па­ту­ва­ње на кое мо­же­те да пог­лед­не­те и во се­бе, не са­мо во му­зи­ка­та, му­зи­ка­та да ве отво­ри од­на­тре. Та­ка што овој про­ект не мо­же да за­вр­ши, ту­ку мо­же са­мо да ево­лу­и­ра. Ќе се по­ја­ват но­ви пес­ни, не­кои ќе се сме­нат, не­кои ка­ко „Тан­го до Бал­чак“ се­ко­гаш ќе би­дат при­сут­ни… – ре­че Бо­ја­џи­ев.

 

Ка­ко ги до­жи­ву­ва сопс­тве­на­та му­зи­ка и кон­цер­ти­те…

  • Мо­и­те кон­цер­ти јас не ги на­ре­ку­вам за­ба­ва или „ен­тар­теј­мент“ ( entertainment ), ту­ку по­ве­ќе ги ви­кам искус­тво. За­тоа што на нив мо­жеш да до­жи­ве­еш ед­но искус­тво, не са­мо да тан­цу­ваш, ту­ку и да пог­лед­неш во се­бе. Сре­ќен сум што искус­тво­то е исто и кај ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка и кај пуб­ли­ка­та во странс­тво. Ми­на­та­та го­ди­на имав кон­цер­ти и во Ита­ли­ја и во Њу­јорк и ми по­со­чи­ја де­ка ток­му тоа чув­ство на до­жи­ву­ва­ње на се­бе­си од­на­тре го до­жи­ве­а­ле и тие. Ед­но­став­но, не мо­же­ле да им одо­ле­ат на емо­ци­и­те што им на­вре­ле. Ра­бо­там и еле­ктрон­ска му­зи­ка, со тие кон­цер­ти по­ве­ќе се за­ни­ма­вав во ми­на­то­то, но ме­не лич­но нај­го­ле­ма уба­ви­на и најм­но­гу за­до­волс­тво ми при­чи­ну­ва­ат ток­му овие аку­стич­ни кон­цер­ти на кои има ор­ке­стар, со­ли­сти, би­деј­ќи ту­ка им­па­ктот на емо­ции е нај­у­бав и нај­го­лем – ве­ли Ду­ке.

duke-bojadziev-sce180-3

Ка­де се гле­да во ид­ни­на…

  • Со ог­лед на тоа де­ка ра­бо­там и филм­ска му­зи­ка, се­ко­гаш от­та­му би из­лег­ла по не­ко­ја ком­по­зи­ци­ја што по­тоа ќе вле­зе во овој про­ект, та­ка што јас би го др­жел овој стил, кој, нај­ве­ро­јат­но, ќе ево­лу­и­ра во за­вис­ност од ид­ни­те про­е­кти, но не мо­жам се­га да пред­ви­дам ка­ко ќе ево­лу­и­ра. Мо­ја­та крај­на цел е да ра­бо­там филм­ска му­зи­ка, ко­ја, исто та­ка, ќе ја из­ве­ду­вам кон­церт­но. Во мо­мен­тов ја за­вр­шу­вам му­зи­ка­та за фил­мот на хр­ват­ски­от ре­жи­сер Рај­ко Гр­лиќ, кој, исто та­ка, има мно­гу уба­ва му­зи­ка, па нај­ве­ро­јат­но на след­ни­от кон­церт ќе има не­ко­ја ком­по­зи­ци­ја од фил­мот. Во овој филм има ед­на те­ма со во­кал, а ја пее Јо­си­па Ли­сац, та­ка што мож­но е во ид­ни­на да се ор­га­ни­зи­ра­ат и кон­церт­ни на­ста­пи во ре­ги­о­нот, на кои ќе го­сту­ва и Јо­си­па Ли­сац – откри­ва Бо­ја­џи­ев.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Ѓор­ѓи Ли­чов­ски
(Текст објавен во 180. број на неделникот „Република“, 12.02.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top