Монографијата со наслов „Трагови прошлости“, која беше прогласена за најдобра фотомонографија на саемот за книга во Белград, денеска беше промовирана во „Децата од нашата улица“ во Скопје. Монографијата претставува сублимат на целото работење на групата.
– Монографијата ние, всушност, ја викаме стереографија и тоа е книга што го следи развојниот пат на сонот на едно момче. Оваа книга на наша голема радост и инсистирање никогаш нема да доживее второ издание, а со самото тоа, според мислењето на многубројните обожаватели на групата „Ван Гог“, книгата има колекционерска посебност – вели Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле.
„Ван Гог“ годинава прославуваат 30 години на сцена и најавуваат интересни проекти и голема концертна активност. Најавија настап во Скопје на 10 јуни, како и концерти низ Македонија, новиот спот ќе го снимаат во неколку македонски градови, специјално за своите обожаватели во Македонија ја преработија својата песна од последнот албум – „Ангелу мој брате“ и на македонски јазик.
На промоцијата приствуваа сите членови на групата, кои се дружеа со обожавателите и во живо изведоа неколку од своите песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.