| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Првиот балкански турбо-фолк мјузикл доаѓа во Скопје

Определен од медиумите како првиот турбо-фолк мјузикл на Балканот, среднометражен филм „Шшшт…попеј ми“, во македонско-бугарска копродукција на режисерите Андреј Илиевски Волкашин од Македонија и Петар Влчев од Бугарија, прерасна во вистинска сензација.

Филмот предизвика неверојатен интерес кај широката публика, критичарите, филмоманите и најмногу кај турбо-фолкерите и најголемите противници на таа култура.

Премиерата на филмот се одржа пред неколку дена во Софија, Бугарија, а следува да биде прикажан во Скопје, на претстојниот Скопски филмски фестивал.

zx620y348_2036126

Филмот раскажува за Веска – наивна и трапава девојка, која што сонува за пари и слава. Очајна од својата лоша среќа, таа го напушта родниот град во потрага по животот од соништата. По патот ја среќава својата менторка – импулсивната но убава, улична проститутка Беба. Неочекувано, неуспесите што Веска ги ниже еден по друг во новата професија, ја носат чекор по близу до остварувањето на нејзините соништа.

chalga3

„Сакаш ли пари? Сакаш ли коли? Една од нас биди за да ти го знаат името!!” се пее во основната песна во филмот со која другите веќе успешни девојки ја примамуваат Веска во нивниот свет на загубени вредности.

Музата за двајцата режисери е типичната балканска девојка, која живее во хиперболизираниот, надреален филм, во чиј свет оживуваат соништата на девојките пораснати пред телевизорите, мечтаејќи за животот на ѕвездите.

„Шшшт…попеј ми” преку интелегентен хумор раскажува за тоа какви се соништата, идеалите и вредностите на генерации млади кои се веселат додека пеат „Ќе ти треба многу кеш, за да допреш секси веш” (“Кеш, кеш” Адријана Ацевска).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top