Продукцијата на реалното шоу „Фарма“ донесе одлука естрадниот и спортски менаџер Велибор Џаровски Џаро да го напушти шоуто по само три дена.
Водителот на шоуто Огњен Амиџиќ вчеравечер пристигнал во куќата каде престојуваат натпреварувачите и пред сите го прочитал писмото кое го испратила продукцијата на шоуто. Продукцијата решила дека за Џаро и неговата здравствена состојба е подобро да го напушти шоуто.
-Продукцијата од првиот момент го набљудуваше Џаровски. Моравме да донесеме одлука дека за него е најдобро да го напушти имотот. Мораме да се заблагодариме што една таква легенда прифати да биде дел од ова реално шоу – прочитал Огњен.
На Џаро не му се допаднала оваа одлука но сепак на крајот го напуштил шоуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.