Додека голем дел од неговите врсници забавата ја бараат во дискотеките, 20-годишниот Дејан Митриќ со своите вредни раце изградил мала фарма во селото Чулиќ општина Шипово, а планира и да ја прошири.
Ова вредно момче, по завршувањето на средното образование, се вратил во Шипово на имотот на неговиот дедо и тука одлучил да живее, а поради љубовта кон селото, ништо не му фали и ништо не му е тешко, па така станува секое утро во 5 за да ги нахрани животните и да спреми околу 50 литри млеко за млекарите.
Според зборовите на неговите родители, уште од мали нозе малиот Дејан го сакал животот на село и покажувал желба за работа со животни, па почетокот на образованието и заминувањето во град го погодило многу.
-Од кога знам за себе цело време одев со дедо ми и работев што можев, ништо не ми претставуваше проблем. Како растев купував разни животни, а кога дојде време да одам во град, бев многу тажен, раскажува Дејан.
-Во град искрено не планирам да се вратам. Некои ми велат дека тука никогаш нема да се оженам, но имам своја цел па макар и да сум сам. Девојката која ќе ме сака ќе ме сака и тука во село.
Неговата мајка Милена вели дека уште како мал сакал физичка работа и сакал да живее во село.
-Имаше необична голема желба да работи во село, а сега потполно работи сам. Понекогаш нешто му помагам, одам да му направам нешто за јадење или да исчистам, но воглавно тој сам се прави и чисти и готви и работи, вели неговата мајка која заедно со нејзиниот сопруг живее во Шипово.
Според нејзините зборови не и било лесно кога се одлучил да се осамостои и да замине во село, но како поминувало времето ја прифатиле неговата одлука.
-Не ми беше сеедно кога замина во село, но кога ќе видам какви времиња доаѓаат, како младите денес живеат, што се се случува, среќна сум на некој начин што го одбра селото и здравиот и нормален живот, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.