Научниците од италијански универзитет во Пиза установиле дека проѕевањето е одговор на иста работа мотивирана од општествени и од родови фактори, односно дека нема врска со уморот и со здодевноста како што се претпоставуваше порано.
Имено тоа ја покажува нашата доза на емпатија, всушност нашата способност да сочувствуваме со другите.
Експертите утврдиле дека потсвесно ја имитираме емотивната состојба на другите личности преку проѕевањето.
Иако мажите и жените спонтано проѕеваат, поголема е веројатноста дека тоа ќе го сторат жените бидејќи е докажано дека тие полесно воочуваат расположение и емоција кај другите луѓе.
Исто така е утврдено дека проѕевањето како одговор се случува почесто кога сме во друштво на блиски пријател и на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.