| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанските екипи беспрекорни, Валенсија руши рекорди во Лига на Европа (видео)

valencia-rapid-180216

Вечерва на „Местаља“ се одигра најдобриот натпревар од 1/16-финалето во Лига на Европа. Домаќинот Валенсија со 6-0 го торпедираше Рапид, од кои 5 голови постигна во првото полувреме со што постави нов рекорд. Никогаш до сега во историјата на ова натпреварување немало „петарда“ во првото полувреме на еден натпревар.

Со својата игра блескаше Санти Мина, кој постигна два гола и асистираше три пати за тимот под водство на англиската легенда Гери Невил, и сето тоа во првите 45 минути. Стрелци по неговите додавања беа Дени Парехо, Алваро Негредо и Андре Гомеш. Конечните 6-0 ги постави резервистот Родриго при крајот на натпреварот.

 

И останатите три шпански екипи во реваншите заминуваат со предност од првите натпревари.

 

Лига на Европа, 1/16-финале

Резултати од натпреварите од 21:05 ч.:

Аугсбург – Ливерпул  0-0

Галатасарај – Лацио  1-1

Марсеј – Атлетик Б.  0-1

Шахтјор – Шалке  0-0

Сион – Брага  1-2

Спарта П. – Краснодар  1-0

Спортинг – Баер Леверкузен  0-1

Валенсија – Рапид  6-0

 

Резултати од првите натпревари од 19:00 ч.:

Андерлехт – Олимпијакос  1-0

Борусија Дортмунд – Порто  2-0

Фиорентина – Тотенхем 1-1

Митјиланд – Манчестер јунајтед  2-1

Севилја – Молде  3-0

Сент Етјен – Базел  3-2

Вилјареал – Наполи  1-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top