Претпоставувам дека оценката од извештајот кој се чека ќе биде позитивна, односно ќе се утврди дека главните точки од договорот во Пржино се исполнети и дека се создадени услови за праведни, фер и демократски избори. Исто така сум сигурен дека без разлика на оценката идната недела Собранието ќе се распушти и ќе важи таа одлука за датумот на избори на 24 април, вели професорот Димитар Мирчев во гостувањето во ТВ Нова.
-Нема никаква основа да се верува дека може да се одложат тие избори. Мое мислење е дека работите ќе одат напред. Се надевам дека опозицијата ќе се предомисли и ќе се појави на изборите. Нема основа да се верува дека нечија оценка може да го измени целиот тек, целиот процес, бидејќи ќе настанат далекусежни последици. Неможе да се одложи распуштањето на Собранието или пак под итно донесување на одлука за промена на датумот на избори, тоа е речиси нереално. Нема фактор кој може таа одлука да ја измени, впрочем Собранието одлучува за изборите, а не мислења на комисијата, амбасадата и слично, истакна професорот Мирчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.