Музичката академија на радио „Бубамара” оваа година без двоумење одлучи наградата за Трајни музички вредности да му ја додели на Игор Џамбазов.
Наградата за животно дело ќе им биде доделена на легендите на македонската народна музика дуетот Селимова-Желчески.
Специјалното, 19. издание на „Златна Бубамара на популарноста“ годинава ќе се одржи на 18-ти февруари во „Метрополис арена” во Скопје под мотото „ДА СЕ СОБЕРЕМЕ – ПРЕД ДА НÉ СОБЕРАТ“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 6 и 7 февруари преку мрежата на Мк Тикетс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.