| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: СДСМ бара медиумски баланс, а не се појавуваат на ТВ дебати

Некој цело време во Македонија тврдеше дека медиумите во Македонија имаат проблем со Власта, но очигледно е дека медиумите имаат проблем со опозицијата, опозицијата е таа која што сака да ги нормира и регулира.

s-jakimovski1

-Еве гледате вечерва: Јас имам прашање до СДСМ. Дали вечерва не им се допаѓа соговорникот и тие не дојдоа на оваа дебата? И да прашам: Што мајка бараа кај Латас? Знаеја каков соговорник е Латас и тука можеа да одберат дали ќе одат на таа дебата или нема да одат. Заев отиде на таа дебата сметајќи дека дошол со куп документи и дека ќе ја фасцинира јавноста но испадна нешто сосема друго, подвлече Јакимовски.

СДСМ се плаши од аргументи, тврди Јакимовски, поточно од својот недостаток на аргументи, од друга страна владејачката коалиција има цел и знае каде оди.

-Можеше да се види преку дека СДСМ преку своите две интервјуа нарачани на една од телевизиите каде што прашањата дадени токму од кујната на СДСМ, како поминаа, добро. Еден од тие новинари сега е началник за информирање во МВР а нели зборуваме за избалансирано новинарство, додаде Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top