Пазарот на труд има потреба од кадри од техничките факултети, а поради дефицитот, ВМРО-ДПМНЕ промовира нова мерка за стимулација за упис на овие факултети.
-Популаризацијата на техничките науки кои се дефицитарни е дел од пошироката стратегија за целокупен економски и индустриски развој на Република Македонија. Кадри недостасуваат на пазарот на трудот. Затоа во академска 2017-та и-2018-та ќе им овозможиме на сите студенти од семејства со приход не поголема од просечна нето плата, а ќе запишат за прв пат на овие факултети, да влезат во државна квота, да плаќаат 200 евра, наместо 400 евра годишно. Условот е да не презапишуваат предмети- рече Груевски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ова ќе придонесе да се стимулираат што повеќе млади да се запишат на техничките факултети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.