| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија квалификаците за СП 2018 ги започнува во Скадар

Македонската фудбалска репрезентација својот почеток на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија, ќе го има во Скадар на 5. септември.

skadar

Албанската фудбалска федерација одлучи нивната селекција во 1.коло од квалификациите за СП 2018 да и биде домаќин на Македонија на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар кој во моментов е во фаза на реновирање, а нашата репрезентација ќе ја дочека во комплетно ново руво со капацитет од 20.000 седишта.

Од ФИФА како термин за одигрување на дуелот е предвиден 20:45 часот, но оставена е можноста и за евентуална промена на тајмингот.

По овој натпревар во Скадар, следните два натпревари Македонија ќе ги игра во Скопје, против Израел на 6. октомври, и против Италија на 9. октомври.

Претходно, како што е познато, планирани се и пријателските натпревари, засега договорени и со Словенија, Бугарија, Романија и Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top