Актерот Вал Килмер веќе подолго време е тешко болен, иако никогаш не сакаше тоа да им го признае на медиумите. Знаците од лекување се секаде по него, но тој сè уште се труди да изгледа беспрекорно.
Во декември минатата година Вал беше фотографиран со апарат кој го регулира дишењето. Тогаш му беше извршена трахеостомија.
Деновиве беше фотографиран како замина од Лондон во добро расположение. Иако на образот има видлива голема лузна, а и на вратот има уште една, актерот се потрудил да изгледа што подобро. Апаратот веќе не го носи.
Во октомври минатата година Вал демантираше дека има рак на грлото:„Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката. Шпекулираат дека ми е многу лошо и дека лежам в болница. Резултатите покажуваат дека немам тумор ниту инфекција од кој било вид – кажал Килмер, но неговите фотографии покажуваа дека не е добар.
Медиумите пишуваат дека поминало најлошото и најверојатно би требало да глуми во вториот дел од „Топ ган“. Пред проблемите со грлото Килмер имаше и проблеми со прекумерна тежина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите