Датумот на изборите е дефиниран со закон и е изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино.
Ова денеска го истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев во Владата одговарајќи на новинарско прашање.
– И сметам дека треба да се држиме до тоа што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија – рече Димитриев.
Тој не гледа ниту една причина 24 април да биде дискутабилен како датум за предвремени избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.