| четврток, 6 декември 2018 |

„Македоника литера“ ќе го објави мегахитот „Тајната во нивните очи“ од Едуардо Сачери

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, наскоро ќе го објави мегахитот на аргентинскиот писател Едуардо Сачери – романот „Тајната во нивните очи“, според кој е снимен истоимен филм и кој во 2010 година доби „Оскар“ за најдобар странски филм.

Романот е преведен на многу јазици, меѓу кои и на англиски, португалски, италијански, француски, германски, кинески, полски, унгарски, бугарски и на српски јазик.

Овој трилер, виртуозно раскажан од Сачери, го прикажува долгогодишното разрешување на еден грозен чин од времето на турбулентната и крвава политичка ситуација во Аргентина во 70-тите години на минатиот век.

Њујоркер за романот пишува дека е „интригантен и возбудлив трилер од Аргентина, кој ги проби границите на државата и на континентот, и доби светско признание. Истовремено криминална приказна и приказна за една неостварена љубов.“

„Приказната е раскажана со моќ и страст. Повеќекратно испреплетена со животниот пат на еден интелигентен и силен маж, но на крајот љубовта се покажува како најмоќно средство“ – напиша „Буенос Ариес хералд“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top