Претставник на ОН упати осуда за сите страни во конфликтот во Авганистан заради користење деца војници.
Таа наведува дека бунтовниците продолжуваат со обука на голем број деца за војници додека владините сили прават напори за намалување на неполнолетните регрути.
Според Лејла Зеруги, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за децата и вооружените конгфликти, владата постигнала напредок за тоа прашање, но авганистанската локална полиција која често дејствува независно од централната власт, останува главниот виновик за тој престап.
Таа додава дека бунтовничките групи врбуваат деца во региони каде има жестоки борби. Талибанците тоа најмногу го практикуваат во региони што се граничат со Пакистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.