| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија ќе ја активира армијата поради бегалската криза

slo

Советот за национална одбрана на Словенија денеска прифати мерки во случај на продолжување на мигрантската криза, а со нив е предвидено и активирање на армијата на границата со овластувања како и полицијата.

Тие мерки во текот на денот треба да ги потврди и словенечката Влада.

Министерот за одбрана Карл Ерјавец вели дека со тие мерки се води сметка за заштита на националните интереси на Словенија за да не се претвори државата во „мигрантски џеб“ во кој долго време би се задржувале мигранти.

Советот предложи и активирање на член од закон за одбрана според кој армијата на границата поради илегалните мигранти може да се вклучи во заштита на територијата и притоа да има овластувања кои во редовна состојба ги има полицијата.

За да се случи активирање, потребно е за тоа да се гласа во парламентот. Словенечки медиуми јавуваат дека вонредната седница за тоа прашање би се одржала најверојатно в понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top