Се чека лекарите да ја дадат конечната дијагноза.
Јелена Карлеуша е суров професионалец, редовна е на снимањата и настапите но зад брендираните очила за сонце крие поглед полн со болка и солзи поради мајка и Дивна, која е сериозно болна.
Како што пренесуваат регионалните медиуми, Дивна Карлеуша пред неколку дена била хоспитализирана поради тешката здравствена состојба, а на лекарите во болницата во Земун им се јавила откако почнала да кашла крв.
Мајката на популарната пејачка излезе од едно реално шоу поради проблеми со дишењето и белите дробови, а во болница се јавила откако состојбата и се влошила.
Моментално се прават сите потребни анализи, се чека наодот од лекар, а една од опциите е и туберкулоза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.