| четврток, 6 декември 2018 |

Претставници на „Браќа Манаки“ во Берлин договараат соработки за претстојното издание

Важни состаноци остваруваат селекторите на фестивалот, предводени од директорот Димитар Николов. Најважната средба се случи вчера, а тоа е разговорот со директорот на Светската асоцијација на филмски продуценти, Беноа Жинисти, и менаџерот за фестивали, Адриен Мажурел. Директорот Николов разговараше за категоризација на „Браќа Манаки“, што би му дала многу подобра позиција на светската мапа на фестивали

Во тек е Берлинскиот филмски фестивал каде што претставници на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ договараат соработни за претстојното издание, соопштија од организациијата на Фестивалот.

– Тие, исто така, ја користат можноста да остварат контакти со важни филмски работници, фондови, асоцијации, кои треба да дадат видливи резултати на 37. издание на фестивалот. Важни состаноци остваруваат селекторите на фестивалот, предводени од директорот Димитар Николов. Најважната средба се случи вчера, а тоа е разговорот со директорот на Светската асоцијација на филмски продуценти, Беноа Жинисти, и менаџерот за фестивали, Адриен Мажурел. Директорот Николов разговараше за категоризација на „Браќа Манаки“, што би му дала многу подобра позиција на светската мапа на фестивали – се вели во соопштението.

3a174e9e-9596-4018-b5b1-c2518dbbe050

Од Асоцијацијата го потврдиле интересот за соработка со фестивалот и веќе се разгледуваат конкретни детали.

Седиштето на ФИАПФ е во Париз, а асоцијацијата е составена од 30 членки-асоцијации од 27 водечки земји во полето на аудиовизуелната продукција. Оваа асоцијација е задолжена за регулација на интернационалните светски фестивали, вклучувајќи ги и најголемите.

– На 14 февруари, заедно со глобалната мрежа на филмски професионалци „Ај он филмс“ (Eye on Films) организиравме коктел што предизвика голем интерес меѓу филмаџиите во Берлин. На коктелот дојдоа директори на фестивали, продуценти, режисери, дистрибутери, директорката на „Медиа“ програмата, претставнцици на светски медиуми, меѓу кои и на „Скрин дејли“, а поводот беше прослава на пет години успешно постоење на платформата „Ај он филмс“, која на 36. издание на фестивалот во Битола беше претставена како посебна програма. Нашиот фестивал учествуваше како рамноправен партнер на настанот, а логото на фестивалот беше јасно истакнато на промотивниот материјал. Директорот Николов ги поздрави присутните, а меѓу гостите беа и македонски продуценти и филмаџии – велат од организацијата на „Браќа Манаки“.

f2358fb4-a6c9-4574-8b2b-c5b27749e428

Директорот Николов разговараше за категоризација на „Браќа Манаки“, што би му дала многу подобра позиција на светската мапа на фестивали

Николов остварил средба со директорката на Европската филмска академија, Марион Дуринг, со директорката на ЕАВЕ (Европски аудиовизуелни претприемачи), Кристина Трап, како и со многумина други филмски професионалци.

Претставници на фестивалот се сретнаа и со носителите на проектот Фрстфилмсфрст“, професионална програма за обучување млади режисери од Југоисточна Европа за развој на прв долгометражен игран филм.

– За нас е особено важно да имаме што подобра соработка со други фестивали од Европа. Затоа, се чинеше многу нормален чекорот на вмрежување заедно со едни од најголемите фестивали на Балканот. Тоа се Интернационалниот филмски фестивал „Трансилванија“ од Романија, Филмскиот фестивал во Софија и Фестивалот на авторскиот филм од Белград. Станува збор за проект во четири етапи од кој втората етапа треба да се одржи во септември, во рамките на 37. „Браќа Манаки“ – се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top