| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевна средба со Оливера Николова во „Матица ексклузив“

Во рамките на пладневните книжевни средби организирани по повод одбележувањето на 25 годишнината од основањето на „Матица македонска“,во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во четврток (18 февруари) во 13 часот ќе се одржи книжевна средба со Оливера Николова, добитник на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра прозна книга во 2015 година.

Љубителите на македонската книга низ разговор со познатата писателка ќе имаат можност изворно да се запознаат со нејзините авторски побуди да напише литературно дело за најпознатите светски жени-убијци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top