В петок (19 февруари), со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“. Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување. Во „Жизел“ ќе настапат: Примабалерината Александра Мијалкова, во насловната улога, Алберт: Васил Чичијашвили (Грузија), Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта: Ивана Коцевска, Селско Па де де: Саша Евтимова и Јан Кисилев.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски (Русија), диригент, Бисера Чадловска.
Билетите по цена од 300, 400 и 500 денари можете да ги купите на билетарницата на МОБ, тел. 02/ 3 118 451, online на www.mob.com.mk и низ продажната мрежа на www.mktickets.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.