| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона испрати специјален поздрави до српска фолкерка (видео)

Славниот фудбалер Дијего Марадона и испрати поздрави и бакнежи на српската фолкерка Маја Николиќ.

Screenshot_1
Пејачката Маја Николиќ се пофали дека Дијего Марадона ја поздравила. Видеото кое Маја веднаш го споделила всушност и било испратено од нејзиниот поранешен свршеник кој се сретнал со Марадона и го замолил да ја поздрави пејачката.

Screenshot_2

Од причина што постојано е цел на медиумските потсмевања, Маја веднаш ја споделила и видео снимката како доказ за нејзините тврдења.

-Здраво Маја, те поздравува Дијего Марадона. Уживај во музиката. Мнгу те сакам“ – и порача Марадона на фолкерката.

Маја за српски „Курир“ открила дека нејзиниот поранешен свршеник е од Берлин и е еден од адвокатите на Ангела Меркел, а исто така и еден од најдобрите пријатели на Марадона.

Фолкерката во неколку наврати изјавуваше дека го обожува Марадона, а сега доби и видео поздрав од нејзиниот идол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top