| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Истанбул: Турските навивачи го каменуваа автобусот со руските фудбалери

istanbul-foto-printskrin-1455652144-845801-724x400

Големата тензија која постои меѓу Турција и Русија, предизвикана од политичката ситуација, се пресели и во спортот.
Пред почетокот на натпреварот од Лигата на Европа, фановите на Фенербахче го каменуваа автобусот со фудбалерите на Локомотив Москва.

Домашните навивачи не беа спречени ниту од фактот дека овој дуел беше прогласен за натпревар од висок ризик и затоа во градот се зголемени безбедносните мерки.

Неколку турски хулигани го пробија бедемот околу автобусот со рускиот тим и фрлаа камења. За среќа, немаше сериозни повреди, а полицијата успеа да уапси неколку хулигани.

Фенербахче успеа овој натпревар да го реши во своја корист со 2-0, а реваншот се игра за две недели во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top