По пауза од цели два месеци продолжија настапите во најквалитетното фудбалско натпрварување, Лигата на шампионите.
Во првите два меча од нокаут фазата односно осминафиналето, славеа домашните екипи Пари сен Жермен и Бенфика.
Скапиот тим на парижани со 2-1 на „Паркот на принцовите“ го совлада составот на Челси. „Светците“ имаа повеќе од играта, создадоа неколку одлични шанси, но за да стигнат до триумф сепак им беше потребно да влезе во игра Единсон Кавани. Уругваецот кој промашуваше бројни шанси на последните натпревари овој меч го почна од клупата за резерви, но блесна во вистински момент, па по додавањето на Ди Марија велемајсторски ја смести топката во мрежата на Куртоа.
Претходно, ПСЖ прв дојде во водство со слободниот удар на Ибрахимовиќ, додека Челси израмни во финишот од полувремето преку Џон Оби Микел.
Бенфика исто така ќе има предност по првиот меч со Зенит, откако португалскиот гигант славеше со минимални 1-0 во дуелот со избраниците на Вилјаш Боаш. Рускиот тим умешно се бранеше се до последната минута, кога Жонас најдобро се снајде во шеснаесетникот и предизвика ерупција од воодушевување на стадионот во Лисабон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)