| четврток, 6 декември 2018 |

Би ги запалила овие фотографии: Карлеуша на почеток на кариерата (фото+видео)

karleusa3-587x487Кога се појави пред повеќе од 20 години Јелена Карлеуша никој не ни можеше да претпостави дека денеска ќе важи за „Кралица на стилот“, бидејќи во тоа време за стилот и не водеше сметка.

jelena-karleusa-650x419На сцената се појави со првиот албум во 1995 година со само 16 госини. За својот хит „Огледалце“ таа сними многу едноставен спот кој ја покажува во многу поинакво светло. Прво што боде очи е недостатокот на градниот кош.

Со годините, секако пластичните операции само се ределе, пишуваат српските медиуми, па Карлеуша сега има многу поголема уста и јаготки. Веројатно таа има направенмо и други зафати кои на прв поглед не се воочливо драстични. Во својата кариера таа мина низ повеќе фази меѓу кои и изглед на момче од улицата со кратка коса, по што следеше раснење на косата, но и на градите. Но тоа што го разви со годините е желбата да шокира.

jk-mrtvacka-glava-650x438На моменти знае да ги надмине границите на нормалност и да навлезе во морбидното. На пример кога се појави на ТВ со настап со мртовечка глава наместо со круна. Можеби тогаш Дивата се инспирирала од „Хамлет“, но би било подобро да се одлучила за опцијата „да не се биде“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top