Човечка грешка е причина за железничката несреќа во Германија минатиот месец. Грешка на еден од диспечери била причината за судирот на двата воза во Баварија во кој загинаа 11, а беа повредени други 80 лица, соопшти обвинителството во Минхен. Диспечерот отворил зелено светло и за двата воза на линијата со еден колосек, а потоа се обидувал да ги предупреди двајцата машиновозачи. Против 39-годишниот вработен ќе биде поднесено обвинение за „ненамерно убиство“, за што може да биде осуден на казна затвор до пет години.
– Ако се придржувал до правилата на Железницата, несреќата немаше воопшто да се случи, изјави обвинителот Гизе.
Несреќата се случи минатиот месец кај местото Бад Ајблинг, околу 60 километри југоисточно од Минхен, при директен судир на два воза кои се движеле со брзина од околу 100 километри на час. На местото на несреќата пругата има блага кривина, па машиновозачите не можеле да се видат речиси до последниот момент, при што и времето за кочење било мошне кусо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


