Порака која осамна на билборд во Бањалука, е вистински хит на социјалните мрежи. Една Јелена го поставила прочуеното прашање, а многумина се прашуваат што ли и одговорил Саша.
-Саша, дали сакаш да се ожениш со мене?Бебето е на пат, немаме веќе што да чекаме. Те сака твојата Јелена!- порачала таа на Денот на вљубените.
Инаку можноста да објави порака на билборд ја добила на една наградна игра.
Локалните медиумите веднаш тргнале во потрага да дознаат која е Јелена и како реагирал Саша. И ја нашле.
-Тој ме довезе дома, и замина во својот дом…Јас влегов на Фејсбук и видов дека мојот билборд е ударна вест…Тогаш го поставив написот од вашиот портал на ѕидот и го тагнав Саша со пораката „додека не го видиш во живо“ -раскажала Јелена за порталот „Мој контакт“.
Како што додала, Саша се обидел да го сокрие одушевувањето, но Јелена видела дека го импресионирала со тој гест.
-Знаев дека е лудост тоа што го правам и дека многумина ќе ме критикуваат, но не патам од тоа што други ќе кажат. Многу нешта минав во животот и конечно можам да кажам дека ја најдов вистинската личност. Тој е многу скромен, а јас подготвена на лудости- рекла Јелена.
И еве го одговорот. Саша рекол да!А бебето доаѓа во август!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!