| четврток, 6 декември 2018 |

Ја тепал сопругата пред четирите малолетни дечиња

Deca-nasilstvo--1

Шеест и едногодишен виничанец постојано ја тепал сопругата, која има пречки во развојот, и тоа пред очите на нивните четири малолетни деца.

ПС Виница поднесе кривична пријава за Љ.М.(61) од Виница за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста при семејно насилство.

Во периодот од 3 до 6 април месецов во Виница  во семејниот дом, пријавениот без повод и причина повеќе пати во присуство на нивните четири малолетни деца, физички ја нападнал неговата сопруга С.М., која е лице со пречки во развојот  и со дрвен предмет ѝ нанел видливи повреди по телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top