| четврток, 6 декември 2018 |

Mакедонски зачини и кроасани на пазарите во Србија и во Црна Гора

Македонските производители преку систем за полесен пласман на пазарот на различни производи, создаваат мрежа што ја помага и поддржува нивната дистрибуција и промоција на домашниот а преку својата дејност во Србија и Црна Гора, и на регионалните пазари. Една од овие компании е „Новафин груп“.

-Како млада компанија што почнува да се развива од почеток, без да се потпира на какво било претходно искуство или капитал, за релативно краток период успеавме да обезбедиме стабилна позиција на пазарот во Република Македонија. Наидувајќи на многу препреки при пласманот на пазарот, дојдовме до решение како да настапуваме заеднички или како група. Со помош на наша логистика, овие компании кои што се наши партнери добиваат можност за пласман на пазарите, дистрибуција и промоција – вели Давор Настевски, генерален менаџер.

zacini

Специјализирана за увоз-извоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, компанијата се јавува и како производител на македонски производи кои потоа ги пласира на регионалните пазари.

-Бележиме постојан раст и денес „Новафин груп“ е компанија што обезбедува врвни услуги во областа на производството, дистрибуцијата, логистиката на домашниот, но и на регионалните пазари. Досегашниот успех се должи, благодарение на стручната експертиза на локалниот тим покажувајќи максимална ефикасност и ефективност во работењето, професионалната и техничка поддршка – вели  Давор Настевски, генерален менаџер.

Марките „мр. спајс“ (Mr. Spice) додаток за готвење, „молис“ (Mollis) хартиени салфетки и бришачи и кроасаните „ле бафето“ (Le Baffeto) што се пласираат на пазарите се произведени од македонски производители со што преку партнерскиот однос се помага развојот и на другите компании.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top