Продуцентот на „Деца на сонцето“, Дејан Милошевски, директорот на филмот Гоце Кралевски и режисерот Антонио Митриќески престојуваат на Берлинскиот филмски фестивал во потрага по дистрибутери на филмот.
– Одиме на маркетот, каде што ќе бараме меѓународен дистрибутер, како и да запознаеме претставници од светски етаблираните фестивали. Веќе имаме закажано неколку состаноци, има доста заинтересирани, така што се надеваме дека ќе оствариме многу средби и ќе се вратиме дома со добри резултати. Целта ни е не само во Европа, туку да успееме филмот да го дистрибутираме и во САД – вели продуцентот Милошевски.
Филмот е готов и до средината на март ќе биде целосно завршен. Останува да се направи колор корекција и микс. Планот е премиерно да биде прикажан на фестивал од А категорија.
– Трае 88 минути, дејството е направено да биде гледлив и по стандарди на светската филмска индустрија. Со филмот настојувавме да допреме до вистината и до внатрешните немири на ликовите. Веруваме дека филмот ќе допре до публиката и до критиката. Тој носи верба и надеж – смета Митрикески.
Освен за остварување контакти за филмот „Деца на сонцето“, тројцата филмаџии престојуваат во Берлин и за да најдат копродуценти за најновиот филм „Цар Самуил“, кој допрва треба да почне да се снима во режија на Митрикески, а продуцент повторно ќе биде Дејан Милошевски.
Милошевски и Митрикески се надеваат на добар исход зашто има голема заинтересираност за проектот и веќе имаат закажано средби со продуценти од САД, Англија, Германија, Полска, Канада, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел