Издавачката куќа „Арка“ од Смедерево, на српски јазик го објави романот „Куќичка“ на писателката Оливера Николова, во превод од Лилјана Стејиќ…
Ристо Василевски од „Арка“ за романот на Николова пишува дека е реалистична слика на состојбите видени во огледалото на транзицијата низ кои минаа сите земји на просторот на поранешна Југославија, Источна Европа и СССР.– На таа слика се гледа напор да се избришат старите и да се стекнат нови индивидуални и колективни идентитети, што најмногу им погодуваше на новите властодршци и на оние собрани околу нив. Грубото поништување на минатото, поигрувањето со судбините на луѓето, тајкунската распродажба на фирмите, масовните отпуштања од работа, наглото богатење на поединците, влијанието на странскиот фактор и капиталот, штрајковите, се менуваат во тоа огледало како сликички во калеидоскоп…, пишува Василевски во претставувањето на книгата.
„Арка” од Смедерево досега има објавено над шеесет дела од македонската книженост, а неодамна и антологија на македонската поезија од 9 век до денес – „Моќни струни”, чиј составувач, преведувач и препејувач е академик Ристо Василевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Преводот „Republika Ilinditase e Maqedonise” е погрешен според нормите на албанскиот јазик