Европскиот парламент ги усвои резолуциите за напредокот на Хрватска, Србија, Црна Гора и на Косово. Подржани се идните проширувања, но се инсистира да биде земен предвид напредокот на секој кандидат одделно.
Оценката за Хрватска е дека е подготвена да ѝ се приклучи на Унијата во јули, истовремено беа повикани Данска и Германија да го ратификуваат приемот на Хрватска.
Европратениците дадоа зелено светло преговорите за членство на Србија да почнат во јуни, но со услов да се задржат утврдените реформи во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на печатот и заштитата на сите малцинства.
Во Црна Гора е постигнат солиден напредок на европскиот пат, како и улогата која ја има во стабилноста на регионот. Притоа е побарано поголем напор за заштита на слободата на печатот, правата на жените и половата еднаквост.
Од Косово е побарано забрзување на реформите во правната област, заштитата на малцинствата, зацврстување на административните и трговските капацитети, што ќе дозволи можност за склучување договор за стабилизација и асоцијација.
Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде разгледан на мајската сесија на ЕП во Стразбур.
Во меѓувреме, во Сараево е Кетрин Ештон, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Таа изрази длабоко разочарување дека нема никаков напредок од пред половина година, од нејзината последна посета на Босна и Херцеговина заедно со тогашната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон.
Според Ештон, прашањето за спроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот „Сејдиќ- Финци“ нема да исчезне. Напротив, извршувањето на пресудата ќе овозможи да стапи во сила спогодбата за стабилизација и асоцијација, а потоа Сараево да може да поднесе кредибилно барање за членство во ЕУ.
– Навистина жалем поради тоа што политичките партии не го преточиле декларираното определување во конкретно дејствување, а наместо тоа се фокусирале на партиските и етничките интереси – нагласи Ештон и повтори дека цврсто верува во европската иднина на БиХ бидејќи „тоа е нешто што граѓаните го сакаат и заслужуваат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Евроатлански интеграции веднаш, но без да се отстапи од државните и националните интереси
-
Прво името па НАТО: И Коѕиас по Ципрас му разјаснува на Заев
-
НБРМ:Стапката на реален раст на економијата минатата година изнесува 2,4 отсто