Ужасни вести доаѓаат од Аргентина, откако судијата Цезар Флорес бил убиен од страна на фудбалер за време на натпревар во оваа јужноамериканска земја.
Флорес (48 години) го исклучил фудбалерот поради груб старт, по што овој заминал кон соблекувалната, но неколку минути подоцна се вратил со пиштол во рацете. Убиецот му пукал во главата, во градите и во вратот на судијата, а веднаш потоа се свртел кон противничкиот фудбалер Валтер Зарате, кон кого испукал неколку куршуми. За среќа, Зарате се наоѓа во стабилна состојба.
Убиецот сѐ уште е во бегство, а полицијата, барем засега, не го открива неговиот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка