Славната двојка Викторија и Дејвид Бекам на Денот на вљубените ги демантира шпекулациите дека на нивниот долгогодишен брак му дошол крајот.
Дејвид Бекам (40) ја поддржа својата сопруга на Модната недела во Њујорк, а од првиот ред ја бодреа и нивните четири деца.
Поранешниот фудбалер не го пропушта претставувањето на новите колекции на својата сопруга Викторија Бекам (41), па како и секоја година досега ја следеше ревијата заедно со нивните деца.
-Се држев до она што го сакам и тие парчиња ги освежив и им додадов некои новитети. Сакав да покажам дека мојот личен стил се менува – изјави Викторија, која е позната по тоа што редовно носи парчиња од својата колекција, бидејќи знае дека таа ќе им биде најдобра реклама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.